Основачот на Amazon, Џеф Безос, за помалку од 13 минути заработува повеќе од просечниот човек во животот, покажуваат податоците објавени од глобалниот бизнис магазин Fortune.
Во 2023 година, богатството на Безос се зголемило од 107 на 177 милијарди долари, што одговара на зголемување на богатството за 191,78 милиони долари дневно или за околу 7,99 милиони долари на час, пишува порталот Yahoo.
Просечниот Американец во текот на својот работен век, според податоците од 2023 година, заработува 1,7 милиони долари, а Безос оваа сума ја заработува за приближно 0,21 час, т.е. за 12,76 минути.
Амазон, како што знаеме, е глобален гигант во доменот на онлајн-трговија и спаѓа во групата на „Magnificent Seven“ американски технолошки компании кои имаат најголема вредност на берзите.