
Легализација на бизнисите на ДУИ или заштита на монополот на пазарот на игрите на среќа и спортските обложувалници. Со вакви меѓусебни обвинувања се судрија ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за европски прашања, која го презеде новиот Закон како матично тело.
Десетина амандмани на ВМРО-ДПМНЕ се составени заедно со асоцијациите за игри на среќа. Еден од нив е намалување на оддалеченоста од училиштата од 500 на 250 метри, сосема спротивно од предлог законот на Алијанса, кој три години чека да се закаже Комисијата за финансирање и буџет.
Паралелно со Комисијата, со закани за помасовни блокади, на булеварот пред Собранието протестираа приредувачите на игри и обложувалниците.
Законот отвора можност за организирање онлајн игри на среќа. Државната видео лотарија веќе објави јавен повик за три странски фирми кои тоа ќе го прават заедно со државната компанија.