Разрешување на двајца директори од М-НАВ и назначување на Илир Мехмети за прв човек

Надзорниот одбор да ги разреши извршниот директор Фахрудин Хамид и секторскиот извршен директор Љубе Стаменковски од М-НАВ, а на нивно место да ги назначи Илир Мехмети и Милан Корач. Ова е заклучокот од денешната седница на Владата, на која се расправаше за состојбите во македонска авијација.

Заклучокот ќе биде испратен до надзорниот одбор на М-НАВ кој ќе треба да го спроведе.

Ваквата препорака на Владата доаѓа откако имаше упад во М-НАВ, а кој следуваше откако Синдикатот на контролорите на летање укажуваа на наместени огласи за вработување на несоодветни кадри.