
По настаните во МНАВ кога 8-члена група предводена од функционерот на ДУИ, Беким Незири упадна во Кулата на контролата на летање и судската одлука да не определи притвор поради сомнежи за кривично дело за кое минимална казна е 5 години затвор, по што следуваа многу гласни реакции и критики, се огласи и Судскиот Совет.
Без многу детали ги наведе само уставните позиции на судството и улогата на Судскиот совет за надзор врз работата на судовите.
-Во врска со последните реакции на јавноста за случајот М-НАВ Судскиот совет ја известува јавноста дека судовите се независни во своето постапување и одлучување, а Судскиот совет во рамките на своите законски надлежности ја следи работата на судовите, соопштија од Судскиот Совет.