(Видео) Над 20 лица се повредени во експлозија во хотел во САД

Дваесет и едно лице е повредено во експлозија во хотел во САД, пренесоа светските агенции, а сомнежите се дека причина е истекување на гас.

Експлозијата се случила во хотелот „Sandman Signature“ во центарот на Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас.

Еден од повредените е во критична состојба, четворица се во тешка состојба, останатите се со полесни повреди, информираат локалните медиуми.

Очевидци велат дека татнежот од експлозијата бил толку силен што сите мислеле дека има земјотрес.