Продолжија протестите на српската опозиција која не ги прифаќа изборните резултати од неодамнешните парламентарни и локални избори кај нашиот северен сосед.
Српската полиција соопшти дека уапсила најмалку 38 лица кои учествувале на протестот против резултатите. Вчеравечер неколку илјади приврзаници на српската опозиција повторно демонстрираа во Белград против наводната измама на локалните избори на 17 декември. Учесниците на митингот продефилираа низ центарот на Белград извикувајќи „Крадци, крадци!“.
Река народ по белградските улици – се приклучија и студентите
Протестот на студентите во Белград кои побараа од Министерството за државна управа и локална самоуправа да им овозможи пристап до избирачкиот список, заврши вечерва пред Владата на Србија по шестчасовната блокада на улиците „Кнез Милош“, „Немањина“, „Бирчанинова“ и зградата на ресорното министерство, информира српски Телеграф.
Truly uplifting to see so many students rising up against the massive election fraud of @AVucic’s regime.
Just like in 1996, following the refusal by dictator Milošević to recognize the results of the local elections that his party lost.
Beograd je (opet) svet! pic.twitter.com/0vFJnRVlZC
— Jakub Bielamowicz (@KubaBielamowicz) December 25, 2023
Тесна победа на владејачката партија
Српската напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ победи на вонредните парламентарни и локални избори во многу градови, вклучително и во Белград. Во Белград, пак, победата на претседателската партија беше многу тесна.
Опозицијата тврди дека оваа победа е остварена со голема измама. Десетици илјади гласачи на владејачката партија кои не живеат во Белград наводно гласале незаконски за градското собрание поради организирана регистрација на фиктивни живеалишта.
Опозицијата ја повикува ЕУ да ги верификува изборите
Претставниците на алијансата „Србија против насилството“ порачаа дека нема да ги признаат резултатите од изборите и дека бараат изборите да се поништат и да се повторат на слободни и фер избори. Алијансата ја повика ЕУ да ги потврди резултатите. Некои опозициски политичари започнаа штрајк со глад.
Амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил, кој е критикуван од опозицијата за неговите наводно провладини коментари, го осуди „насилството и вандализмот” за време на протестите. Сепак, Хил на мрежата Х додаде дека „легитимноста на демократските процеси зависи од транспарентноста и подготвеноста на сите партии да ја почитуваат волјата на народот.“ изразено во гласањето“.
Вучиќ ги отфрла обвинувањата за манипулација
Вучиќ на прес-конференција во неделата ги отфрли обвинувањата. Неговата партија соопшти дека изборите биле фер и покрај критиките од меѓународните и локалните набљудувачи на изборите.
Рускиот амбасадор во Србија Александар Бочан-Карченко изјави дека има „непобитни докази“ дека Западот ги поддржува протестите на опозицијата.