
Савески: Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта банка – прерано е да се каже дали се преземаат некакви истражни дејствија
Државниот јавен обвинител – Ненад Савески во изјава за медиумите вели дека засега е прерано конкретно да одговори на прашањето дали институцијата со која раководи презема некакви истражни дејствија во врска со случајот со Алта банка.
Државниот јавен обвинител – Ненад Савески во изјава за медиумите вели дека засега е прерано конкретно да одговори на прашањето дали институцијата со која раководи презема некакви истражни дејствија во врска со случајот со Алта банка.
Според него, Јавното обвинителство со внимание ја следи ситуацијата со банката и доколку утврди дека има некакви елементи што укажуваат на сторено кривично дело ќе мора да реагира.
Но, во овој момент, додава, прерано е да даде одговор на ова прашање.
„Како и секоја констатирана ситуација којашто буди особен интерес во јавноста, така и ова ситуација се набљудува од страна на Јавното обвинителството и доколку детектираме дека станува збор за нешто што е поврзано со кривично правен настан ние немаме друг избор освен да реагираме. Меѓутоа не можам конкретно да ви одговорам во овој момент бидејќи тоа е прерано“, изјави Савески.
За тоа дали се побарани некакви информации од српското обвинителство, имајќи предвид дека таму има истрага и сопственикот на Алта банка – Давор Мацура тој тече дека досега не е остварена комуникација околу конкретниот случај.
„Ние имаме прекрасна соработка со колегите од соседна Република Србија, така што доколку има потреба од такви податоци и комуникација со правосудните органи од Република Србија, тоа секако дека непречено би се остварило“, изјави Савески.