Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот со двојното убиство, рече дека МВР целосно го има расчистено случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
„И тогаш кажав, и сега повторувам, дека случајот од аспект на Министерството за внатрешни работи е расчистен во целост. За сите други аспекти од истрагата ќе се обратите во Обвинителството“, истакна Спасовски.
Министерот е дециден дека случајот е комплетиран од страна на Министерството, но доколку се процени истрагата да се прошири и да се добијат други барања и насоки од страна на Обвинителството, во тој случај, како што рече Спасовски, МВР е тука да постапува.