Нуркачи од Охрид годинава ја накитија новогодишната елка во водите на Охридското Езеро и на сите им ја честитаа Новата 2024 година.
Охридските нуркачи традиционално на 25 декември на Божиќ по Грегоријанскиот календар украсуваат елка под вода и ја поставуваат во „Музејот на вода“, каде посетителите ќе можат да ја видат до крајот на јануари.
На Фејсбук профилот на Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид беа објавени фотографии и видеа од накитената елка под вода.
Обичај е секоја година нуркачите од „Амфора“ да им ја посветуваат Новата година на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.