Се крчка нова цена на струјата, граѓаните утре ќе го знаат крајниот одговор
Предлогот за новата цена на струјата е веќе кај регулаторот, откако денеска универзалниот снабдувач ЕВН хоум му го достави. Комисијата на чие чело е Марко Бислимовски треба да даде амин и утре да соопшти дали и колку поскапува струјата.
И додека новата цена се крчка, a Бислимовски тврди дека нема да има ценовен шок, министерот за економија Крешник Бектеши е оптимист и верува дека струјата нема да поскапи. И покрај барањата на Електродистрибуција и МЕПСО за зголеување од 13,4 отсто и на операторот МEMO за речиси 36 отсто, оптимизамот на министерот се должи на финансиските податоци, кои тој ги има за енергетските компании.
Новина е давачката за пристап до мрежа, која се воведува од јануари, а која ќе ја плаќаат и оние кои имаат броила, а не трошат струја. Со тоа, се очекува кај голем број граѓани да се намали износот за пренос и дистрибуција, кој досега кај многумина беше повисoк од потрошената струја. На тој начин, вели Бектеши, ќе се воспостави правичност во распределбата на овој трошок.
Министерот за економија Бектеши во Студио 10 најави дека, поради поволните цени на берзите и добрата кондиција на домашните производители, поскапување на струјата нема да има ниту во текот на идната година.