Еуромакс Ресоурцес: Соработката со локалната заедница е клучна за реализацијата и користењето на бенифициите од мега-инвестицискиот проект Иловица-Штука
Како општествено одговорна компанија, која котира на берзата во Канада, соработката и комуникацијата со локалната заедница е клучна за успешно реализирањето на мега-инвестицискиот проект Иловица-Штука. Постојано, преку дискутирање со аргументи, зборување за перспективната иднина, и со меѓусебна доверба и разбирање може на најдобар начин сите да ги искористат бенефициите од реализацијата на инвестицијата во рударскиот комплекс Иловица – Штука. Во таа насока, како еден од многуте настани што беа организирани, е и денешниот настан во Струмица каде присуствуваа голем број локални жители.
„Денеска овде со нас се само дел од жителите на Струмичката котлина, претежно од најблиските села кои гравитираат околу проект Иловица-Штука, кои веруваат дека во 21 век е реално и остварливо да се експлоатира бакар со целосно безбедна технологија за здравјето, животната средина и земјоделието. Знаеме дека со зголемувањето на извесноста од реализацијата на инвестицијата, уште повеќе жители ќе ја дадаат поддршката, имајќи ги во предвид неспорните огромни придобивки од работењето на идниот рудник во Иловица и Штука. Сакаме и во оваа прилика да им се заблагодариме на локалните жители и да им честитаме на доследноста и отвореноста да слушнат што навистина планираме да изградиме. Им благодариме што не потпаднаа на невистините и манипулациите со кои некој упорно се обидува да го исплаши локалното население“, истакна извршниот директор на Еуромакс Ресоурцес, Дамиан Петровски.
Гаранција дека нашите заложби се искрени е формирањето на Независно мониторинг тело во кое ќе членуваат претставници на локалните жители, експерти, претставници на релевантните граѓански организации кои непосредно ќе ги набљудуваат сите процеси во рударскиот комплекс. Станува збор за граѓанска контрола како највисок степен на осигурување дека се што ќе биде ставено во анексот на Студијата за влијание врз животната средина ќе биде до последен сегмент исполнето. Дополнителна гаранција е и нашата одлучност за целосна примена на стандардот „Initiative for Responsible Mining Assurance“ од 2025 година, кој наложува одговорна екстракција на металите и минералите преку строга примена на сите еколошки и социјални стандарди, како услов за да може да се продаваат металите на меѓународните берзи.
Изминатите години во континуитет инвестиравме во поддршка на локалните земјоделци со современа механизација и други материјали, бидејќи силно веруваме дека рударството и земјоделието може заедно да коегзистираат со користење на најсовремни технологии во 21 век.
И во новата 2024 година ќе продолжиме да се бориме за вистината. Македонската економија може да се развива со долгорочни и стабилни инвестиции кои ќе овозможат сигурност и иднина. Веруваме дека конечно ќе ги расчистиме сите наметнати заблуди и ќе ги отстраниме сите административни пречки за да почнеме со реализација на најголемата инвестиција од независноста до денес.