Зеленски во пресрет на Божиќ: Не се откажувајте, ќе дојде време за одмор!

Само неколку дена пред Божиќ, украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше до борбениот дух на неговите сонародници, да не се колебаат во одбраната на земјата.

„Потребно е максимално внимание за одбраната, максимален напор за земјата, максимална енергија за Украина да ги постигне своите цели“, рече Зеленски во своето видео обраќање во четвртокот вечерта во Киев.

– Времето за одмор ќе дојде подоцна, рече тој.

Украина за првпат официјално го слави Божиќ оваа година на 25 декември според западната традиција, а не на 7 јануари според православните обичаи.

„Сега, пред Божиќ, сите во нашата земја мора да запомнат дека ова е време за концентрација, време за работа“, рече Зеленски.

Судбината на земјата ќе се решава во регионите Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, кои беа нападнати од Русија.

Дваесет семејства на украински херои добија станови од државата во четвртокот.

– Секој војник, морнар и офицер кој ја добил титулата херој ќе го добие истото признание од државата, рече Зеленски.