
Демонстрантите фрлија молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама
Полицијата одговорила со солзавец и водени топови, пренесе „Еуроњуз Албанија“. Потоа демонстрантите почнале да фрлаат камења кон полицијата, а според првичните информации, полициските службеници испукале и гумени куршуми.
Демонстрант фрлил молотов коктел врз канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама.
Полицијата одговорила со солзавец и водени топови, пренесе „Еуроњуз Албанија“. Потоа демонстрантите почнале да фрлаат камења кон полицијата, а според првичните информации, полициските службеници испукале и гумени куршуми.
Демонстрантите запалиле канти за отпадоци и ги оставиле на средината на патот за да го блокираат движењето на полициските возила.
Со денови во Албанија има насилни протести. Граѓаните бараат оставка од премиерот Еди Рама, но тој одговори дека власта се менува на избори. За протестите го обвини странскиот фактор.