Борел: Европа е во опасност – меѓу Украина и Газа!

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека Европа е во опасност. Тој објаснува дека Европа е меѓу две војни, во Украина и во Газа, и дека евентуалната победа на Русија во Украина претставува голема опасност за Европа.

„Ако дозволиме Путин да победи во Украина и не успееме да најдеме решение во Газа, Европа ќе биде трајно оштетена“ вели Борел.

Тој изјави дека европските земји мора да направат се за да се постигне решение со две држави на Блискиот Исток, односно во Газа.