Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја доведе во прашање природата на руската инвазија на Украина, одбивајќи да каже дека тоа е војна и со својот избор на зборови го поддржа рускиот претседател Владимир Путин, пишува dpa.
„Ова е операција додека не се објави војна меѓу двете земји“, рече десничарскиот популистички премиер на Унгарија на својата годишна прес-конференција во четвртокот во Будимпешта.
Тоа беше одговорот на Орбан на прашањето зошто неодамна избегна да зборува за „војна“ во разговорите со Путин.
„Ние Унгарците никому не диктираме какви зборови треба да се кажат за ова“, нагласи Орбан.
„Драго ни е што не е војна“, додаде тој.