Убиецот од Прага прво го убил таткото, па започнал крвав поход – се обидел да активира и бомба

Убиецот од Прага, кој во масакрот на Филозофскиот факултет уби 10 луѓе и рани најмалку 24, пред крвавиот поход го убил својот татко дома.

Според полициски извор, убиецот бил Чех, студент по историја со психички проблеми. Тој, наводно, го убил својот татко дома, а потоа таму поставил рачно изработена бомба, што не успеало.

Потоа отишол на факултет со пиштол во рака. Според достапните слики и видеа, најверојатно се работи за автоматска пушка.

Да потсетиме, по злосторството, убиецот се самоуби пукајќи во себе, а потоа паѓајќи од зградата.

„Убиецот е елиминиран! Целата зграда моментално е во процес на евакуација и има неколку десетици мртви и ранети“, соопшти полицијата во врска со пукањето на Филозофскиот факултет на Карловиот универзит.

Според локалните медиуми , напаѓачот паднал од зградата и починал, а пред тоа се застрелал, според непотврдени информации на сведоци.

Учениците споделуваат информации на Интернет дека луѓето се затворени во училниците или библиотеката и дека се евакуираат и ученици од околните згради во центарот на Прага.