Конфликтот во Украина може да заврши за пет дена, тврди лидерот на Крим

Воениот конфликт во Украина може да заврши за пет дена доколку западните земји престанат да испраќаат воена помош за режимот во Киев, тврди лидерот на Крим – Сергеј Аксјонов.

– Немаат на што да се надеваат. Украинските трупи немаат апсолутно никаква перспектива во воена смисла. Прашањето е само кога Западот ќе престане да ја спонзорира Украина. Штом тоа се случи, пет дена – и се ќе биде готово, вели Аксјонов за каналот „Крим 24“.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин на големата годишна прес-конференција и директна линија, зборувајќи за можноста за прекин на конфликтот во Украина, рече дека постојат две опции.

– Или ќе се договориме за демилитаризација и ќе договориме одредени параметри, или прашањето ќе се реши со сила, рече Путин.