Јанша го поддржува членството на Украина во ЕУ
Јанез Јанша – премиерот на Словенија денеска изрази целосна поддршка за забрзана процедура за членство на Украина во Европска Унија.
„Ја имате нашата целосна поддршка“ – напиша Јанша на Твитер.
Тој заедно со полскиот премиер Матеуш Моравјецки минатата недела го повикаа Европскиот совет да преземе „брзи и храбри одлуки“ за прием на Украина во ЕУ.
И чешкиот премиер Петр Фиала истакна дека е неопходно да и се даде на Украина јасен сигнал дека е добредојдена во европската заедница на демократски земји.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара итен прием на неговата земја во ЕУ.