Нуркачи ќе проверуваат во каква состојба се столбовите на мостот на реката Црна

Покрај експертите од Градежен факултет, Македонски железници ангажираше и нуркачи кои ќе проверуваат каква е состојбата на темелот на разнишаниот столб на дното на реката Црна, соопшти Центарот за управување со кризи.

Во меѓувреме, товарниот железнички сообраќај е во прекин, а патничкиот се одвива со автобуско премостување помеѓу Градско и Кукуричани.