Во соопштението испратено од вооружените сили на Украина се наведува дека досега имаат убиено над 1.000 руски војници ангажирани во инвазијата врз земјата, а загубите се во размер што Русија никогаш досега не ги претрпела за така кратко време.
„Руските мајки ги испраќаат своите синови во сигурна смрт, бидејќи украинските вооружени сили ги држат линиите и ќе ја бранат својата земја од окупаторите“ – стои во соопштението.
Руското Министерство за одбрана, од друга страна, пак, соопшти дека нема жртви од нивна страна. Ниту едното барање не можеше да биде независно потврдено.
Украинските трупи во меѓувреме влегоа во Киев со тешка воена опрема за да го бранат главниот град.