„Анонимуси“ во кибер војна против Русија

Една од најпознатите хакерски групи во светот – „Анонимуси“ како реакција на рускиот напад врз Украина соопшти дека „официјално објавила кибер војна против руската Влада“.

„Тимот на „Анонимуси“ е во состојба на кибер војна против Русија“ – се наведува во соопштението објавено синоќа на Твитер, проследено со хаштагот #Ukraine.

Хакерите од „Анонимуси“ подоцна изјавија дека ја оневозможиле за употреба веб-страницата на рускиот телевизиски канал „РТ Њуз“.

Претходно, РТ објави дека се извршени DDoS напади врз нејзините веб-страници.

Освен тоа, синоќа имало проблеми со пристапот до веб-страниците на Кремљ, на Владата и на рускиот Парламент.