ОН се подготвуваат за 4 милиони бегалци од Украина!

Доколку продолжи руската офанзива врз Русија, Обединетите нации се подготвуваат за до 4 милиони бегалци од Украина.

Илјадници веќе се префрлија преку границите во соседните земји, како што се Полска, Молдавија, Словачка и Русија, изјави денеска во Женева портпаролот на агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР.

Агенцијата соопшти дека е подготвена да им пружи помош на Украинците кои бегат.

Засолништа за жени и деца ќе се постават покрај рутите на движење. Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека примила извештаи за 25 убиени и 102 повредени цивили од руската инвазија во четвртокот во раните утрински часови.

Украина има околу 42 милиони жители.