
Елмаз Б.(38) од Бијело Поље е уапсен и задржан до 72 часа бидејќи по расправија го убил сопствениот брат Елвис Б.(37) во семејната куќа во населбата Недакуси.
Според пишувањата на црногорските медиуми, браќата се степале кога кај Елмаз дошол гостин со куче, само неколку часа откако синот на Елвис бил нападнат и повреден од куче скитник.
Од полицијата за медиумите изјавија дека куче скитник на 1 октомври го нападнало и повредило момчето за рамото, брадата и нозете, па помош му била укажана во болница, а истата вечер дошло до расправија во дворот од семејната куќа помеѓу таткото и чичкото на момчето.
– Вечерта кај чичкото на момчето Елмаз Б., дошол гостин со куче, што го револтирало таткото на момчето, Елвис, кој жестоко се расправал со него. Елмаз во еден момент грабнал кујнски нож и сечилото долго 20 сантиметри го забил во вратот на својот брат Елвис. Елвис само паднал и набрзо искрварил до смрт – објаснил соговорник во полиција.
На рочиштето во обвинителството, Елмаз го признал убиството и изјавил дека не знае зошто го сторил тоа.