Фатен убиецот кој 46 пати избоде скопјанец, па со мајка му го запалија станот

Денеска во 14.20 часот на подрачјето на населба Влае, во брза заедничка акција на Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција лишен е од слобода А.Д.(39) од Скопје, за кого пред два дена беше распишан Централен распис за потрага, а во текот на вчерашниот ден беше поднесена и кривична пријава по брза постапка за извршени две кривични дела, “убиство” и “тешки дела против општата сигурност”, соопшти предмалку МВР.

Имено, по преземени сеопфатни оперативно-тактички мерки и активности во претходните неколку денови, лицето во 14.10 часот е забележано во близина на мостот “Обединети Нации” и при обид за бегство е фатено и приведено во полициска станица, по што ќе биде изведено пред надлежен судија, соопштија од МВР.