Вечерва одново имавме интересна емисија каде ни гостуваше Љубчо Георгиевски, Марко Бислимоски и Коста Петров. Освен тоа, имаме и гостин водител, а тоа е Мирче Јовановски.
Изгледајте ја емисијата каде се „отворија картите“ на важни прашања како: Чија беше идејата за измени на Кривичниот законик и зошто беа експресно усвоени? Дали Груевски би се вратил во Македонија? Зошто пропаднале разговорите Заев – Мицкоски? Ќе се изгласат ли уставните промени и покрај противењето на ВМРО-ДПМНЕ? За амнестијата на капиталот, процесот на приватизација и изоставувањето на Апбанците во оваа постапка. На овие и други прашања, интервју со првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, екс премиерот Љубчо Георгиевски. Дали Арсовска тера инает или има договор со ЕСМ за повисока цена на парното?
Го сонувавме Чебрен, но кому одговара водата од акумулацијата да им ја дадеме на Грците? Разговор на Мирче Јовановски со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Писателот не сака повторно да биде политичар – Коста Петров со нова книга за читателската публиката, но и со сликовница за најмалите.
Целата емисија ја имате во продолжение: