Новинарката Марија Димишкова разговараше со Коста Петров во вечерашното издание на „Трилинг“.
„Некои верувања ги носиме со детето во себе. Многу касно сфатив дека многу од работите кои ги правев во животот ги правев заради детето во себе“, вели Коста Петров и додава дека сите книги ги посветувал некому, а оваа ја посветува токму на себеси.
Тој вели дека човекот мора да се сака самиот себе.
„Цел живот не учат да бидеме добри кон другите, а никој не не учи на самољубов“, рече Петров за Трилинг.
Тој се осврна и неговата нова „сликовница“ и вели дека секој го има суперхеројот во себе, но треба да го пронајде.
„Мене пишувањето секогаш ми било хоби“, започнува Петров и вели дека барајќи „дополнителен предизвик“ влегол во политиката.
„Апсолутно никогаш нема да се вратам во политиката“, вели Петров и додава дека на прво место му е мирот.