Рашела Мизрахи од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ треба да раководи со Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, според одлуката на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, којашто денеска го утврди составот на комисијата.
Според одлуката, членови на Комисијата ќе бидат Антонијо Милошоски, Гордана Сиљановска Давкова, Иванка Василевска, Љупчо Пренџов и Петар Ристески од ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Даниела Маркоска, Ненад Коциќ, Мартин Костовски и Марија Георгиевска од СДСМ и коалицијата, Арбен Зибери и Бедри Фазли од ДУИ и Ремзи Мехмеди од Алијанса за Албанците.
Заменик претседател, според утврденит предлог, ќе биде Александар Вељановски (ВМРО-ДПМНЕ), а заменици членови Дајанчо Ефтимов, Дафина Стојаноска, Драган Ковачки, Тони Јаревски, Зоран Коцевски (ВМРО-ДПМНЕ) Миле Талевски, Маја Морачанин, Бети Рабаџиевска Наумовска и Соња Мираковска (СДСМ и Коалицијата) Бајрам Кадрија и Берат Ајдари (ДУИ) и Артина Казими од Алијанса за Албанците.
Одлуката за Анкетната комисија беше донесена на 20 септември, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија, Јавното обвинителство на почетокот на месецов отвори предистражна постапка.
Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвика реакции во јавноста и низа протести.