Џенаро Гатузо е нов тренер на Олимпик Марсеј

Легендата на Милан, Џенаро Гатузо, е нов тренер на Олимпик Марсеј, соопштија од клубот. Договорот на италијанскиот стручњак е до крајот на сезоната, но со опција за продолжување до летото 2025 година.

Гатузо го наследува Марселино како тренер, кој си замина поради протестите на навивачите во врска со раководството на клубот.

45-годишниот поранешен играч за врска последен пат беше тренер на Валенсија, а претходно беше на клупата на Сион, Палермо, ОФИ, Пиза, Милан и на Наполи, со кој го освои својот единствен трофеј како тренер, Купот на Италија.

Олимпик Марсеј имаше разочарувачки старт на сезоната, се наоѓа на осмата позиција во Лига 1 со девет освоени бода по две победи, три нерешени и еден пораз, посебно болен, 0-4 во дербито против Пари Сен Жермен.