Започна најавениот штрајк на приватни матични лекари од примарното здравство, приватните специјалисти и стоматолози кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување.
„Докторите ги отворија своите ординации и во текот на денот нема да примаат пациенти, освен итни случаи. Нема да даваат услуги што се нудат преку „Мој термин“, а пациентите кои не сакаат да почекаат за упати и препишување терапии и закажување тестирања, ги упатуваат во ургентните центри“ – изјави претседателката на Здружението на приватни лекари – д-р Лилија Чолакова Дервишова.
Според неа, досега имаат поддршка од пациентите, од сите возрасни групи. На сите, нагалси, ни е неопходно функционално здравство. Досега немале итни случаи, но доколку се јават, како што вели, ќе бидат примени.
Матичните лекари бараат да се подигне цената на капитацискиот бод по пациент, за која беа ветени 95 денари, како и да се измени Законот за здравствена заштита со кои сите пациенти наместо да бидат „врзани“ за факсимилот на лекарот, ќе и припаѓаат на матичната ординација.
Незадоволни се, како што велат и од недостигот на поддршка во примарното здравство во текот на целата пандемија.