Милановиќ се противи на НАТО проширувањето кон Украина

Зоран Милановиќ – претседателот на Хрватска вели дека НАТО не треба да се шири кон Украина.

„Додека сум претседател, ќе бидам против проширување на НАТО каде било“ – рече Милановиќ.

Изјавата на хрватскиот претседател доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Русија и западните земји околу Украина.

„Мислам дека тој што се залага за проширување на НАТО во Украина го загрозува хрватскиот интерес. Ние сме во НАТО, па утре некој може да испрати наши луѓе таму“ – објасни Милановиќ.

„Не е исто да се биде дел од борбена група во Унгарија, на езерото Балатон или хрватската армија на прва линија на фронт во исчекување напади. Зошто би ги испратиле таму? Ќе видиме, се ќе утврдиме во од. Саборот секогаш може да оди во луда авантура, но потоа и ќе одговара“ потенцира тој.