Курти: Младите си заминуваат од Косово, загрижувачки е!

Албин Курти – премиерот на Косово смета дека е многу загрижувачки заминувањето на младите од Косово и оти тоа прашање властите се обидуваат да го решат со борба против корупцијата.

Курти вели дека трендот на одлив на млади продолжува од година во година, а како најчеста причина за тоа ја наведе невработеноста.

„Недостигот на работни места, а особено вработувањето во одредени професии за млади, влијаеше тие да се иселат од Косово. Со борбата против криминалот и корупцијата со цел да се зголеми кредибилитетот во коректни и правични институции, ние се обидуваме да ги задржиме младите во Косово“ – рече Курти.

Само во јануари околу 48.000 косовски граѓани поднеле барање за работни визи во европските земји.