Бред Пит со тужба за Анџелина Џоли

Актерот Бред Пит ја тужи својата екс сопруга Анџелина Џоли, наводно дека тајно продавала акции од нивната заедничка винарија на руски бизнисмен.

Во јули 2021 година, според она што беше објавено, Џоли поднела тужба за укинување на привремената забрана за продажба на нивните заеднички средства со Пит. Актерката сакала да го објави на продажба својот удел во винската компанија „Миравал Шато нувел“ (Miraval Chateau Nouvel) во Франција.

Во септември, Пит и дозволил на својата партнерка да го продаде својот удел, под услов тој лично да го одобри купувачот.

Луѓето кои се запознаени со оваа работа велат дека еден месец подоцна, Пит бил шокиран кога дознал дека половина од винаријата била купена од подружница на „Групацијата Столи“ – компанија за алкохол контролирана од рускиот претприемач Јуриј Шефлер.

Пит сега тврди дека Џоли не ја добила неговата согласност за договорот и намерно ги криела подробностите на зделката од него. Пит бара судот да го поништи договорот.

Тој има намера да бара и надомест за претрпената штета.