Димитриевски за измените на Кривичниот законик: Врана на врана очи не вади

За измените на Кривичниот законик свое видување даде и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Според него, оваа исплашена и корумпирана власт достави предлог Закон до Собранието со радикални измени во КЗ со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и тоа со европско знаменце во експресна постапка од три дена.

„Јасна е нивната порака, „бродот тоне, спасувај се кој може, спаси го и тој пред тебе, реципроцитет и амнестија”, или народски кажано „врана на врана очи не вади“, пишува Димитриевски на социјалните мрежи.

Вели дека ќе донесат правда.

Функционер кој направил злоупотреба на службена положба со што стекнал значителна имотна корист според актуелниот Кривичен законик може да добие затврска казна од 3 до 20 години. Со законските измени што се дискутираат во Собранието, за истото дело може да добие од една до најмногу пет години затвор.