Вечерва ново издание на Трилинг

Кога децата се богатство, не е важно дали се рожба или посвоени. Животна приказна за еден македонски подвиг-две посвоени деца во еден родителски дом, искрено со Радмила Живановиќ.

Општините и јавните претпријатија веќе направија долгови од 100 милиони евра. ЗЕЛС бара нови владини донации, премиерот Ковачевски одговара – рационализирајте си ги трошоци, интервју со Горан Герасимовски градоначалник на Центар, една од најбогатите општини.

МИА и БТА отворија дописништва во Скопје и Софија. Новинарски предизвик – како вестите од Бугарија и Северна Македонија да не распламтуваат страсти и говор на омраза, разговор со дописникот во Скопје – Маринела Величкова.

Европратеникот Џамбаски ги враќа фашистичките симболи на Балканот, така вели Моџо Килингтон во Трилинг рубриката (Не) реално со Моџо Килингтон.