Русија повлекува уште тенкови од украинската граница

Русија почнала да повлекува уште тенкови и оклопни возила од областите во близина на границата со Украина, по спроведувањето воени вежби кои предизвикаа загриженост кај Западот, јавува тамошното Министерство за одбрана.

„Нов воен воз кој превезува персонал и воена опрема на тенковските армиски единици на Западниот воен округ се врати во постојаните бази во Нижни Новгород по планираните вежби“ – се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Се наведува дека 10 воени авиони биле повлечени од полуостровот Крим.