„Членството во НАТО е безбедносна гаранција“ – смета претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
На прашање дали Киев е подготвен да се откаже од членството, тој вели:
„Тоа не е амбиција на Украина. Изгубивме 15.000 луѓе. Тоа не е амбиција. Тоа е наш живот. Не се работи за НАТО. Станува збор за иднината на луѓето. Ако зборуваме за НАТО, Европската унија, за привремено окупираните подрачја – зборуваме за нашата независност. Тоа е тоа. Одлучивме што сакаме“.
Претседателот на Украина ги коментираше притисоците од некои европски земји, кои бараат Украина да не стане дел од НАТО.
„Не можеме да ги затвориме очите и да кажеме дека само Русија не нè сака таму. Тоа не е вистина. Некои земји од ЕУ играат заедно со Русија, што е погрешно“ вели Зеленски.