Жозеп Борел – високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ беше дел од денешниот заеднички состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и генералниот секретар на Алијансата – Јенс Столтенберг.
„ЕУ и НАТО стојат заедно во одбрана на европската безбедност. Ако некој се обидуваше да не подели, го постигна спротивното: силно европско и трансатлантско единство“ – напиша Борел на Твитер.
Тој му заблагодари на Столтенберг за „добрата дискусија со министрите за одбрана на НАТО“.