„Од СДС велат дека новата градоначалничка имала бугарски пасош што претставува проблем за иднина, Македонија кога ќе го отвора 277-мото поглавје за преговори во ЕУ, ќе треба да се бара некоја историска комисија со ликот и делот на Данела за да видиме дали е наша или нивна. Изборите поминаа како што поминаа, главно е пораката на народот – казната на СДС. Претходно СДС дојдоа на власт затоа што го казнивме ВМРО, претходно ВМРО дојдоа на власт затоа што го казнивме СДС, СДС дојдоа на власт затоа што го казнивме Љубчо, Љубчо дојде на власт затоа што го казнивме Бранко, а Бранко зошто дојде на власт никој не знае. Сепак има шанси Бранко да се врати, но јас не верувам, не е останато ништо за приватизација“ – вели Моџо Килингтон во рубриката „(Не)реално со Моџо“.