И покрај тоа што официјален Кремљ најави повлекување на војници од Западниот воен округ, САД тврдат дека Русија го зголемила бројот на војници на границата со Украина за 7.000.
Неименуван висок функционер на американската администрација изјавил за „Асошиетед прес“ дека Русија продолжува да шири лажни тврдења што може да ги искористи како изговор за инвазија.
Тој ги наведува извештаите на Кремљ за гробовите на цивилите наводно убиени од украинските сили, тврдењата дека САД и Украина развиваат биолошко и хемиско оружје и дека Западот испраќа герилци да убиваат Украинци. Сепак не понудил никаков доказ за ваквите тврдења.
„Не видовме повлекување“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен које вели дека рускиот претседател Владимир Путин „може да го повлече чкрапалото денес, утре или следната недела“.
Руското Министерство за одбрана објави видео на кое се гледа како војници и воена опрема на тенковската армија на Западниот воен округ се враќаат во своите бази по завршените воени вежби.
Западните земји вчера предупредија за зголеменото руско воено присуство на границите на Украина, што, како што тврдат, е спротивно на тврдењето на Москва за повлекување на војниците.