Ајкула уби пливач во Сиднеј

Најпознатите плажи во Австралија, во Сиднеј „Бонди“ и „Бронте“ се затворени откако еден пливач загина при напад на ајкула.

Нападот се случил вчера попладне на плажата „Литл Беј“, на околу 20 километри јужно од Сиднеј. Полицијата сѐ уште не го открива идентитетот на пливачот.

Биолозите веруваат дека се работи за бела ајкула долга најмалку 3 метри. Според наводите, ова е прв фатален напад од ајкула во Сиднеј од 1963 година.