Украинската претставничка на годинешното издание на Евровизија – Алина Паш стави до знаење дека актуелната сага за нејзината посета на Крим во 2015 година станала премногу тешка за неа и таа нема да пее на Евросонгот годинава во Италија.
„Не сакам повеќе да бидам дел од оваа валкана приказна“, рече таа само неколку часа откако беше откриено дека еден од членовите на нејзиниот тим фалсификувал патни документи за да изгледа дека таа легално патува во регионот.
„Јас сум државјанин на Украина. Ги следам законите на Украина. Се обидувам да ги пренесам традициите и вредностите на Украина на светот. Она што е вградено во оваа приказна воопшто не е она што го ставам во мојата песна“ – рече пејачката.
„Јас сум уметник, а не политичар. Немам армија од ПР луѓе, менаџери, адвокати за да се спротивставиме на сите овие напади и притисоци, кражби на моите социјални мрежи, закани. И апсолутно неприфатливи зборови кои луѓето си ги дозволуваат без да ги разберат ситуацијата и заборавање на достоинството на секој граѓанин на Украина. Не ја сакам оваа виртуелна војна и омраза“ – додаде Паш.
„Не сакам повеќе да бидам во оваа валкана приказна. Со тешко срце, за жал, ја повлекувам кандидатурата за претставник на Украина на Евровизија. Навистина ми е жал. Ќе контактираме со јавното радио и ќе ги потпишеме сите потребни документи. Посебно сакам да им се заблагодарам на сите кои ме поддржуваат и ми помагаат, кои ја слушаат мојата песна и важната порака и не ме озборуваат“, заклучи таа.
Украинската песна исто така е повлечена од обложувалниците, иако веднаш по објавувањето скокна на второто место.
Да потсетиме, само четири дена по изборот на песна за Евровизија, Украинската национална телевизија UA: PBC го раскинала договорот со Алина за претставување на Евровизија.
Откриено било дека Алина пред 7 години отпатувала на Крим, кој е под руска контрола од 2014 година.