Антони Блинкен – американскиот државен секретар му нагласи на рускиот министер за надворешни работи – Сергеј Лавров дека Вашингтон сака да види проверливо повлекување на руските сили долж границата со Украина, со цел да се овозможи мирно решавање на кризата.
Во телефонскиот разговор меѓу двајцата, Блинкен „ја нагласил потребата да се види проверлива, веродостојна, значајна деескалација“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
„Иако понатамошната руска агресија против Украина ќе резултира со брз, строг и обединет трансатлантски одговор, ние остануваме посветени на дипломатскиот пат и веруваме дека останува прозорецот за мирно решавање на кризата“, му рекол Блинкен на Лавров.