Том Хенкс: Нема да платам 28 милиони долари за лет во Вселената
Актерот Том Хенкс открива дека милијардерот Џеф Безос му понудил лет во Вселената, но тој го одбил, поради високата цена.
„Ќе чинеше 28 милиони долари или така нешто. Добро ми оди, добро ми е, но нема да платам 28 милиони долари. Тоа е лет кој трае околу 12 минути! За тоа да потрошам 28 милиони долари – можам да го направам тоа и дома“ рече Том Хенкс.