Ковачевски се ракувал со Бајден на Самитот на НАТО во Вилнус

На Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, премиерот Димитар Ковачевски разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, за што тој се пофали на социјалните мрежи наведувајќи дека имале средба на која разговарале за евроатлантските интеграции на Северна Македонија и регионот.

„Средбата со претседателот на САД, Џо Бајден, на Самитот на НАТО, беше можност накратко да поразговараме за важноста на европските и евроатлантските интеграции на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан како еден од предусловите за обезбедување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот“ – напиша Ковачевски покрај двете фотографии.

Премиерот на почетокот на мај годинава беше во официјална посета на Вашингтон, каде што одржа средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на која исто така една од главните теми на разговор беше евроатлантската интеграција на Северна Македонија.