Ковачевски на Самитот на НАТО пречекан од Науседа и Столтенберг

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на свечениот пречек на шефовите на делегациите, денеска во Вилнус на Самитот на НАТО беше дочекан од домаќинот претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа и Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг, извести Владата преку писмено соопштение.


Самитот на НАТО во Вилнус на едно место ги собра 31 земји членки на Алијансата, шефови на држави и Влади на земји партнери како Австралија, Украина, Грузија, Босна и Хервцеговина, Молдавија, Јапонија, Република Кореја, Нов Зеланд, како и претседателите на Европскиот Совет и Европската Комисија.