Поранешниот портпарол на Град Скопје: Контејнерите чисти, ѓубрето сто

Со реакција за ѓубрето во градот се јави и поранешниот портпарол на Град Скопје, Ваљон Салиу. На социјалната мрежа фејсбук тој сподели слика од чисти контејнери, но околу нив полно со ѓубре.

Освен Салиу, на социјалните мрежи, сѐ уште се споделуваат фотографии од несобраното ѓубре во градот, и покрај тоа што градоначалничката Данела Арсовска, уште вчера потенцираше дека состојбата во комуналното претпријатие се враќа во нормала, и дека екипите почнале со собирање и чистење на ѓубрето.