Вработените во јавниот сектор ќе добијат зголемување на платите и регрес за годишен одмор
Владата и синдикатите постигнаа договор за платите на вработените во јавниот сектор, но и регрес за годишен одмор.
Зголемување од 10 отсто во септември ќе има за сите работници во јавниот сектор, а до крајот на годинава ќе се исплати и регрес од 10.000 денари, додека истиот следната година ќе изнесува најмалку 30 отсто од просечната плата.
– За нас како синдикати беше важно вработените во јавниот сектор на банкомат во септември да добијат далеку повеќе од бараните 14 насто. Со овој процент кој го договоривме ја постигнавме целта, ако имаме предвид дека платите на голем дел од вработените во јавниот сектор со синдикални активности пораснаа во изминатиот период, кажа претседателот на Сојузот на синдикатите, Слободан Трендафилов.