Во текот на ноќта изгореa подрумските простории на кумановскиот суд

Минатата ноќ околу 01.35 часот избувнал пожар во подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово, каде што била сместена архивата.

На терен интервенирале два камиони и седум пожарникари, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

– Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е сè уште е на терен, велат од ЦУК.