Претседателот на Албанија – Илир Мета со кривична пријава против албанското Собрание за приложување „фалсификување документи“ во Уставниот суд, на седницата за негово разрешување.
Мета на прес-конференција рече дека пријавата е доставена до Специјалното јавно обвинителство, СПАК, до Обвнтелството во Тирана, а заради запознавање и до државното јавно обвинителство.
„Криминалот – фалсификување е многу флагрантен. Ова се случува на јавна седница на Уставниот суд од албанскиот парламент во процес кој се случува за првпат во 30 години, против шефот на државата и ова фалсификување многу јасно покажува, не само како функционираше еднопартиското собрание пред 25 април, туку е драма за тоа како функционира ова собрание со опозицијата, затоа станува збор за темелите на републиката кои се сериозно разнишани. За да се разреши претседателот, фалсификуваа документи и во Уставен суд, па се прашувам каква гаранција имаме дека законите што се изгласуваат во Собрание се веродостојни и не се менуваат во интерес на одредени групи“ – изјави Мета.
На прашањето дали ќе ја ослободи канцеларијата доколку уставните судии се произнесат за негово разрешување, Мета навести дека нема да го стои тоа велејќи дека 24 јули е денот кога му завршува претседателскиот мандат.
Уставниот суд, во понеделникот ја одржа третата и последна седница, околу одлуката на Парламентот за разрешување на Мета, на која беа изнесени ставовите на двете страни, по што објави дека конечната одлука, со образложение, ќе биде соопштена во рок од 30 дена.