Оние кои немаат доволно витамин Д може да имаат поголеми проблеми со Ковид 19

Научници во Израел по направени испитување дошле до заклучок дека има значителни разлики во шансите за развој на сериозни последици од Ковид-19, споредувајќи ги пациентите кои имале доволно витамин Д пред да се заразат, со оние кои имале недостаток од витаминот кога биле заразени.

Во списанието „Плос уан“ (PLOS One) бил објавен научен труд кој покажува дека половина од луѓето кои имале недостаток на витамин Д пред да се заразат со Ковид-19, потоа развиле потежок облик на болеста, во споредба со помалку од 10 отсто од луѓето кои имале поголемо ниво на витаминот во крвта.

Познато дека витаминот Д е од витално значење за здравјето на коските, но неговата улога во заштитата од коронавирусот досега беше помалку позната.

„Најновото истражување е првото што ги испитува нивоата на витамин Д кај поединци пред да се заразат со Ковид-19. Најдовме неверојатни и запрепастувачки разлики во вашите шанси да станете пациент со тешки симптоми кога имате недостаток на витамин Д во споредба со кога некое лице има доволно ниво на овој витамин“ – рече д-р Амиел Дрор, автор на испитувањата и лекар од Медицинскиот центар на Галилеја во Нахарија, Израел.

Истражувањата не докажуваат дека витаминот Д штити од коронавирус и не е изговор за избегнување на вакцини и земање витамини.

Поголемиот дел од витаминот Д доаѓа од директното изложување на кожата на сончева светлина, а го има и во храната како што е риба, печурки, жолчки од јајце…